Турнатиот Лука заврши на клупата на Мемфис, па - грмна: Доста ми е од ова с*ање (ВИДЕО)

Во завршницата од синоќешниот натпревар помеѓу Мемфис гризлис и ЛА Лејкерс (127-134) се случи несекојдневна сцена, кога Лука Дончиќ бурно реагираше поради груба игра.

Словенецот претрпе жестоки удари во текот на целиот меч, а во последната минута, по еден груб фаул, буквално „експлодираше“. По туркање, тој заврши на клупата на Мемфис, удри во столче и револтирано извика: „Доста ми е од ова с*ање!“

И покрај тензиите, словенечкиот ас одигра одличен натпревар, постигнувајќи 29 поени, осум скока и девет асистенции, помагајќи му на Лејкерс да стигнат до важна победа.