
Лејкерс го победија Хјустон во еден од најважните натпревари сезонава (ВИДЕО)
Овој натпревар беше исклучително важен за двете екипи поради нивната позиција на табелата. И покрај поразот, Хјустон се уште е на второто место со скор 49/27, но Лејкерси се доближија на една победа од Денвер кој е на третото место со скор 47/28.
Лука Дончиќ и соиграчите му помогнаа на Денвер да добие шанса да се доближи до Хјустон, но и самите директно влегоа во војната за третото место. Словенецот беше најзабележителен играч на натпреварот со 20 поени (6/16 од поле, 1/7 за три), 6 скока и 9 асистенции за 38 минути. Го следеше Доријан Фини Смит со 20 поени, 6 украдени топки и 3 асистенции. Леброн Џејмс заврши со 16 поени, 8 скока и 4 асистенции.
Кај Хјустон подобар од останатите беше Амен Томпсон со 20 поени, пет скока и четири асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Јута 110-106
Индијана - Сакраменто 111-109
Орландо - ЛА Клиперс 87-96
Вашингтон - Мајами 94-120
Мемфис - Бостон 103-117
Оклахома - Чикаго 145-117
Далас - Бруклин 109-113
ЛА Лејкерс - Хјустон 104-98