Сѐ има свој крај: Баерн донел одлука - нема да му понуди нов договор на Милер!

Според последните информации од Германија, Баерн Минхен нема да му понуди нов договор на Томас Милер.

По 17 години во кои одигра повеќе од 600 натпревари и постигна 220 голови на повидок е крај на една блескава ера.

Иако Милер има желба да остане Баерн сепак нема да му понуди продолжување на соработката. Навивачите се поделени, дел сметаат дека неговото време изминува, додека дел се бесни на управата на клубот што не му понуди договор барем на една година под истите услови.

Милер сезонава во дресот на Баерн на 23 натпревари во Бундеслигата постигна еден гол и подели три асистенции.