
Проблем за Тудор уште на стартот: Јувентус остана без важен дефанзивец
Во натпреварот против Џенова во првенството повреда во првото полувреме заработи 26-годишниот Федерико Гати кој мораше да биде заменет уште во првото полувреме.
По прегледите направени во Торино било утврдено дека Гати се здобил со фрактура на фибулата и најавено е дека ќе паузира најмалку еден месец.
Отсуството на Гати ќе биде удар за Јувентус и новиот тренер Тудор кој на клупата дебитираше со триумфот од 1-0 во тој натпревар.