
Хендикеп за Бетис - без Иско против Барселона
Во следното коло, тимот од Севиља гостува на Барселона на Монжуик во момент кога „каталонците“ се во уште подобра низа, од девет победи и без пораз во 2025 година, на сите фронтови. Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини има голема главоболка бидејќи во Барселона ќе биде без еден од најдобрите играчи во тимот Иско.
Поранешниот фудбалер на Реал во дербито против Севиља доби жолт картон, кој е петти за него оваа сезона, а тоа автоматски повлекува суспензија од еден натпревар. Бетис во првиот меч против Барселона, на домашен терен се избори за нерешен резултат откако постигна гол за израмнување во последните секунди.