Руни го брани Александер Арнолд: И јас би го избрал Реал

Последната недела навивачите на Ливерпул го бомбардираа Трент Александер Арнолд за неговата одлука да си замине од Енфилд и да се пресели во Реал Мадрид на крајот од оваа сезона.

Сепак, нивното мислење не го дели легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни кој застана во одбрана својот сонародник.

„Трент има 26 години и му истекува договорот. Опциите се да се обврзе со Ливерпул до крајот на сезоната или да се пресели во Реал, каде очигледно го сакаат. Ако не беше во прашање Реал, туку некој друг клуб, веројатно притисокот врз него немаше да биде толку силен. Јасно е дека Ливерпул е клуб не неговото срце, но понекогаш фудбалерите треба да носат тешки одлуки. И јас да сум на негово место, би го избрал Реал“, рече Руни.

Во оваа прилика тој откри дека во 2010 година имал понуди од шпанските гиганти Реал и Барселона. Преговорите со Реал стигнале далеку, но тој посакувал да игра за Барса поради што подоцна сите страни се откажале од меѓусебна соработка.