
Лизгаво во Лос Анџелес: Дончиќ го извади „Бејби Јокиќ“ од патики (ВИДЕО)
Словенецот беше расположен за игра и со неколку потези ги распамети навивачите во Крипто арената. Меѓу нив и оној кога имаше директен дуел со турскиот репрезентативец Алперен Шенѓун кого го нарекуваат „Бејби Јокиќ“ поради сличниот стил на игра.
Дончиќ замеша пред Шенѓун, го испрати на паркетот, потоа со уште една финта проби кон рекетот и извади надвор кон Хачимура кој додавањето го круниса со тројка.