Торонто загуби од Милвоки во дербито на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки бакс го победија Торонто репторс на гостински паркет со 104-99, во дуел на двете најдобри екипи во Источната конференција на НБА-лигата.

Торонто подобро го отвори мечот, па по првата четвртина имаа пет поени предност, но Милвоки успеа да ја врати резултатската неизвеност.

Милвоки во третата четвртина беше подобар противник, па предноста порасна на 11 поени, односно 85-74.

Меѓутоа, завршницата од средбата беше неизвесна, а на две минути пред крајот Торонто имаше водство од три поени. Сепак, некако Милвоки успеа да направи пресврт и да стигне до 104-99.

Најефикасен во тимот на Торонто беше Серж Ибака со 22 поени, додека Кавај Ленар постигна два поени помалку. Фред Ванвлит постигна 19, а Паскал Сијакам даде 17 поени.

Торонто е прв на табелата во Истокот со 21 победа и седум порази, додека Милвоки има 17 победи и осум порази.

Останати резултати:

Детроит - Њу Орлеанс 108-116
Сан Антонио - Јута 110-97
Њујорк - Шарлот 107-119