Шоу на тимот од Ел-Еј: Дончиќ, Леброн и Ривс испишаа историја против Мемфис (ВИДЕО)

Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Остин Ривс влегоа во историјата на НБА во победата на ЛА Лејкерс против Мемфис гризлис (134-127), откако станаа првата тројка во историјата на лигата што на еден натпревар запиша најмалку 25 поени, 5 асистенции, 5 скокови и 2 тројки.

„Езерџиите“ започнаа силно, добивајќи ја првата четвртина со убедливи 39-28. Домаќините се обидоа да се вратат во втората четвртина, но резултатската рамнотежа (33-33) значеше дека гостите ја задржаа двоцифрената предност на полувреме. Гризлис најдобрата игра ја прикажаа во третиот период, постигнувајќи 38 поени, но Лејкерс останаа смирени и обезбедија значајна победа.

Остин Ривс беше најзаслужен за триумфот со 31 поен, 7 скокови и 8 асистенции, реализирајќи 5 од 8 обиди за три поени. Дончиќ и покрај послабата реализација за три поени (2/9), забележа 29 поени, 8 скокови и 9 асистенции. Леброн Џејмс го надополни учинокот со 25 поени, 6 скокови и 8 асистенции, продолжувајќи со својата конзистентна форма. Кај Мемфис, најдобар беше Дезмонд Бејн со 29 поени.

Со оваа победа, Лејкерс ја зацврстија четвртата позиција на Западната конференција со скор 45-29, додека Гризлис останаа петти со една победа помалку.