Првите заразени НБА-кошаркари го победија Ковид-19!

Амерканските медиуми објавија дека првите заразени кошаркари со коронавирусот, Руди Гобер и Донован Мичел конечно го победиле коронавирусот откако поминале одреден период во карантин.

Гобер беше првиот кошаркар, кој имаше позитивен тест на Ковид-19. Тој на 11 март дозна дека е болен од опасниот вирус, по што се прекина натпреварувањето во НБА-лигата, а следното утро Мичел дозна лоши вести, односно дека и тој го „закачил“ вирусот.

Двајцата кошаркари беа во самоизолација во следните две недели и тие на крајот успеаа да го победат вирусот, кој направи хаос во светот.