Паника во Денвер: Јокиќ се повреди во најлош момент

На неполн месец пред почетокот на плејофот во кој Денвер ќе ја брани титулата, најдобриот играч во тимот Никола Јокиќ доживеа повреда која во прашање го става неговиот настап на вечерашниот меч против Портланд.

Според информациите од екипата, српскиот ас има болки во долниот дел од грбот и воспаление на левиот колк. Уште поголем проблем за Денвер претставува повредата на Џамал Мареј кој го свитка левиот скочен зглоб и тој е исто така неизвесен за денешниот меч во кој шампионот секако е фаворит.

Денвер игра фантастично последниот месец и по Ол стар викендот во Индијанаполис има биланс од 13 победи и само два пораза.