Њу Орлеанс му врачи отказ на генералниот менаџер поради драмата со Дејвис

Генералниот менаџер на Њу Орлеанс пеликанс, Дел Демпс заработил отказ поради целата ситуација со трејдот на Ентони Дејвис. 

Првата ѕвезда на тимот побара да биде трејдуван и го извести раководството дека нема намера да потпише нов договор со Пеликанс. Веднаш се појавија многу тимови кои беа заинтересирани за Дејвис, но најконкретни беа Лос Анџелес лејкерс.

Меџик Џонсон на Демпс му понуди дури шест играчи и два идни пика од драфтот, но генералниот менаџер на Пеликанс го одби предлоговот. Во понудата на Лејкерс беа младите ѕвезди Лонзо Бол, Брендон Инграм и Кајл Кузма, како и ветераните Ленс Стивенсон, Ражон Рондо и Мајкл Бизли.

Засега не се јасни точните причини поради кои Демпс добил отказ од позицијата која ја имаше девет години. Некои медиуми велат дека сопственичката на тимот Гејл Бенсон била разочарана од тоа што Демпс не успеал да направи конкурентен тим околу Ентони Дејвис и да му даде шанса за титула. Другиот дел од медиумите велат дека отказот е поради неприфаќањето на трејдот со Лејкерс, бидејќи така Пеликанс би добиле тројца млади кошаркари со кои би можеле да имаат светла иднина и плус да пика од првата рунда на идните драфтови.

Засега не е јасна точната причина за отказот, но како и да е Демпс не се прослави на позицијата генерален менаџер и лошо менаџираше во двете ситуации. Пеликанс сега во тимот имаат незадоволна прва ѕвезда, која може да си замине како слободен агент за една година, а од друга страна останаа без шест солидни кошаркари.