„Не е ниту скочен, ниту брз, но Јокиќ со главата е две секунди пред сите други“

Легендата на хрватската кошарка, Тони Кукоч го испофали Никола Јокиќ, вели дека Србинот игра со својата неверојатна интелегенција.

Кукоч беше гостин на Партизан на мечот против Олимпијакос, а по дуелот зборуваше на повеќе теми, меѓудругото даде коментар и за Никола Јокиќ.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу почитувани и секоја екипа која оди во плејоф сака да има еден или двајца европски играчи. Европските кошаркари имаат можност да играат на повеќе позиции, полесно ја поврзуваат екипата. Јокиќ, тој може да игра било што. Кога ќе го погледнеш, ниту е скочен, ниту е брз, но неговата глава, интелегенција, две секунди е пред сите. Тој ја чита кошарката, нема да речам дека си игра, бидејќи во НБА не можеш да си играш, но гледаш дека тој го чита натпреварот. Ја организира целата екипа. Поради својата вистина игра петка, но е плејмејкер на екипата“, рече Кукоч.