Лошо му се пишува на Бостон: Тејтум заврши во инвалидска количка

Четвртиот меч од полуфиналето на Истокот заврши апсолутно трагично за актуелниот шампион Бостон.

Освен што загуби на гости кај Њујорк и сега е во негатива од 1-3, овој тим остана без својата прва ѕвезда Џејсон Тејтум кој се повреди на минута пред крајот на мечот. Во обид да пресече еден контранапад, тој незгодно стапна и се повреди, а по неговата реакција стана јасно дека не може да продолжи. Со болна гримаса на лицето остана да лежи на теренот, лекарскиот тим веднаш втрча и по укажаната помош, во количка го однесе во соблекувална. Притоа можеше да се забележи како тој плаче додека го носат натаму.

Уште не е познато дали е збор за дисторзија на скочниот зглоб или повреда на Ахиловата тетива, но многу веројатно Тејтум нема да игра на петтиот меч.