Лејкерс не запираат: Против Мемфис запишаа седма победа по ред (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс покажуваат дека сезонава ќе бидат едни од најсериозните кандидати за тронот во НБА-лигата и моментално имаат најдобар скор со 14 победи и два порази. 

Утринава Лејкерс ја запишаа седмата победа по ред и тоа на гостувањето кај Мемфис од 109-108. Тоа беше тежок натпревар за фаворитот, бидејќи дојде само една вечер по тешката победа на гостувањето кај Оклахома.

Леброн Џејмс беше најефикасен кај победничкиот тим со 30 поени, Ентони Дејвис реализираше 22, додека Ражон Рондо имаше 16. Џа Морант со 26 поени најмногу се истакна кај Мемфис.

Зек Лавин одигра натпревар на кариерата за Чикаго постигнувајќи 49 поени, меѓу кои и решавачкиот кош за победа на Булс од 116-115 против Шарлот. 

Сан Антонио ја прекина губитничката серија од осум натпревари со триумф против Њујорк никс во „Медисон сквер гарден“ со 111-104.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Индијана - Орландо 111-106
Атланта - Торонто 116-119
Филаделфија - Мајами 113-86
Кливленд - Портланд 110-104
Милвоки - Детроит 104-90
Јута - Њу Орлеанс 128-120