Салах му се заканил на Клоп дека намерно ќе добие црвен картон (ВИДЕО)

Ливерпул прокоцка триумф на гостувањето кај Вест хем, но натпреварот го одбележа и жестоката караница меѓу Мохамед Салах и Јирген Клоп.

Англиските медиуми објавија дека професионален читач од усни успеал да открие што му кажал Салах на Клоп за време на дуелот во Лондон.

„Не можам сега ништо да направам“, кажал најпрво Египќанецот, по што не му се допаднала реакцијата на Клоп, а набрзо пристигнале и заканите.

Египќанецот се заканил дека намерно ќе добие црвен картон, па мораше да интервенира и Дарвин Нуњез.