Закана од „Хрватот“ пред третиот меч со Звезда: Да им ги истресеме задниците...
„Црвено-белите“ се многу блиску до враќање на врвот во регионалната кошарка, но Смит смета дека уште ништо не е готово. И не само тоа, туку јасно кажа што треба да се случи на третиот натпревар.
„Тоа за нас ќе биде како евролигашки натпревар, знам дека навивачите ќе дадат силна поддршка, а ние сме подготвени да одиме дома и да им ги истресеме задниците пред нашите навивачи“, рече, меѓу другото, Смит.
Третиот натпревар, прв на кој Партизан ќе биде домаќин, е на програмата в недела од 20:30 часот.