Нуркиќ е најголемиот губитник во историјата на плејофот во НБА

Босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ нема среќа во плејофот во НБА, а тоа го потврди со најновиот пораз на Феникс санс со што стана најголемиот губитник во најсилната кошаркарска лига.

Феникс беше елиминиран од Минесота во плејофот, а за 29-годишниот Босанец ова беше 17. пораз во 20 одиграни натпревари.

Нуркиќ со неговите екипи има само три победи во плејофот, и тоа е навистина ужасен податок.