Ливерпул има пет потенцијални кандидати за наследник на Салах

Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул ова лето ќе се раздели со тренерот Јирген Клоп, но најверојатно и со репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах.

Салах наводно не е среќен на „Енфилд“, иако сè уште не разговарал за својата иднина со новиот стартег на премиерлигашот, Арне Слот, но Ливерпул нема да чека до последен момент и веќе има пет потенцијални кандидати за негов наследник.

„Атлетик“ објави дека на листата со желби на гигантот се Крисенсио Самервајл, Јохан Бакајоко, Квича Кварацхелија, Џерод Боуен и Лирој Сане.