Де Брујне не го интересираат Саудиска Арабија или МЛС

Кевин де Брујне има уште само една година од актуелниот договор со Манчестер сити, а тоа предизвикува многу шпекулации околу неговата иднина. 

Белгиецот сепак не размислува за заминување од таборот на англискиот шампион, објавува „Мирор“. Наводно тој е во преговори со челниците не Сити да го продолжи договорот на уште три сезони. 

Шпекулациите низ медиумите беа дека тимови од Саудиска Арабија се подготвени да му понудат огромно богатство, а заинтересиран за неговите услуги е и новиот МЛС-тим, Сан Диего. 

Де Брујне, кој има 32 години смета дека и натаму може да игра на највисоко ниво во Европа и не размислува за трансфер.