Српските навивачи повредиле десетина германски полицајци во хаосот во Минхен!
Конфликтот започнал околу 17 часот на централниот градски плоштад, кога полициски службеници извршиле претрес на еден од навивачите поради сомнение дека поседува пиротехнички средства. Според полицијата, тоа било причина за фрлање шишиња и маси кон полицајците, кои возвратиле со употреба на солзавец и палки. По тој судир на „Мариенплац“, српските навивачи продолжиле да користат нелегални пиротехнички средства во близина на станицата на метрото, но и внатре во стадионот.
Поради тоа повеќе лица се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување тешки телесни повреди и напад на полициски службеници. Нема податоци за бројот на повредени и уапсени навивачи од Србија.
Србија и Данска одиграа 0-0 во натпреварот од 3.коло од Ц групата, па Србија како последна во групата испадна од ЕП, додека Данска го зазеде второто место и во осминафиналето ќе игра против домаќинот Германија.