Синер го суреди Руд за 70 минути и закажа финале во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер уште еднаш ја потврди одличната форма оваа сезона, откако денеска славеше против Каспер Руд за само 70 минути и обезбеди финале на завршниот турнир во Торино.

Руд успеа да освои само еден гем во првиот сет (1-6), а идентично беше и во вториот сет кога Синер доминираше и славеше со 6-2.

Синер ќе се бори за титулата на завршниот турнир против Тејлор Фриц, кој претходно беше подобар од Александер Зверев со 2-1 во сетови.