Ужас во Амстердам: Унгарец колабира на терен (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Холандија и Унгарија во Лигата на нации беше прекинат по неколку минути игра откако еден член на гостинскиот тим колабира на теренот.

Веднаш на теренот реагираа медицинските екипи и го реанимираа помошникот на унгарскиот селектор по што веднаш беше испратен во болница.

Според првичните информации, Адaм Шалаи бил човекот кој се онесвестил покрај теренот, но уште се чека соопштение од фудбалската федерација на Унгарија.