Ливерпул изгоре во истанбулскиот пекол, Валверде херој на Реал со еврогол! (ВИДЕО)
Англичаните први зададоа удар. Во 25. минута, Њони ја затресе мрежата за водство од 1-0, но радоста на гостите траеше само четири минути. Мејсон Гринвуд изведе слободен удар, топката се одби од живиот ѕид и заврши во мрежата за израмнување на 1-1. Фенербахче имаше можност и целосно да го сврти резултатот пред паузата, но ударот на Ирфан Џан Кахвеџи, по ниското додавање на Браун, заврши во пречката.
Ливерпул повторно поведе во 69. минута, кога Александар Исак погоди за 2-1. Сепак, домаќините не се предадоа и само четири минути подоцна Браун донесе ново израмнување. Кога се чинеше дека Ливерпул ќе се обиде да зададе последен удар, на сцена стапи искусниот косовски напаѓач Ведат Муриќи. Во 79. минута тој ја затресе мрежата за целосен пресврт и голема победа на турскиот тим од 3-2.
Интересно беше и на вториот дел каде што АЕК прв поведе против Реал со голот на Коита во 12-тата минута, Реал до паузата сепак израмни преку Белингем.
АЕК не се откажа и повпторно поведе на 15 минути пред крајот со голот на Пило. Сепак, Мбапе само три минути подоцна израмни, додека Валверде со фантастичен гол во втората минута од продолжението се погрижи за четврта победа за Реал во ЛШ.