Комо ги израдува и Хрватите: Динамо не е единствен со девет гола во ЛШ! (ФОТО)
Со ваквиот натпревар Комо израмни рекорд на Баерн Минхен кој пред две години му даде девет гола на Динамо Загреб во победата од 9-2. Така, тогаш Баерн и вечерва Комо станаа единствените два клуба кои постигнале девет гола во еден натпревар на Лигата на шампионите.
Но, Комо е првиот кој тим во историјата на најелитното европско натпреварување кој тоа го направил на гостински терен. Нивниот вечерашен настап дополнително добива на тежина ако се знае дека тие се дебитанти во Лигата на шампионите.
По натпреварот во Франција интересен беше и насловот на хрватски „Индекс“ кој гласеше
„Динамо не е единствен, Французите примија девет голови во ЛШ и изедначија рекорд“
