Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин ги почна квалификациите за Европското првенство во 2028 година и со убедливи 41-23 славеше над Луксембург во Скопје.

Од самиот почеток Македонија ја наметна својата игра, покажа дека сме далеку поквалитетни од противникот, па гостите немаа што премногу да бараат на овој дуел. Нападот и одбраната одлично функционираа, па така брзо поведовме со 9-1.

Во продолжение предноста продолкжи да расте, па на пауза заминавме со двоцифрени плус десет (20-10).

Не се промени многу сликата на теренот и во вториот дел, па така прашање беше само со колкава разлика ќе стигнеме до победата. Очигледно беше дека и нашите репрезентативци не се трошеа премногу и ги чуваа силите за следните предизвици, шанса добија и ракометарите кои имаат помала минутажа.

Својот деби настап во националниот дрес го забележа и поранешниот ракометар Дмитро Хориха кој се очекува да биде големо засилување, а денеска постигна три гола од исто толку обиди.

Најефикасен кај нас беше Никола Костески со шест гола, а по пет постигнаа Александар Петковски и Мартин Серафимов, додека Марко Митев и Кузмановски застанаа на четири.

Следен предизвик за нашите репрезентативци ќе биде натпреварот против Грција кој го играме за четири дена гостински терен.