МЗТ петти пат по ред поразен во ФИБА Европа купот – и Џики беше пресилен (ФОТО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и петтиот пораз по ред во ФИБА Европа купот, откако вечерва загубија на гостувањето кај полскиот претставник Џики (66-89).

Македонскиот првак беше релативно рамноправен во првата четвртина, но дуелот го загуби на стартот од вториот период кога му дозволи на противникот со серија 17-4 да се одлепи на плус 14 (37-23). Пред крајот на полувремето негативата на аеродромци веќе беше минус 20 (27-47) што беше знак дека нема да се случи чудо во Варшава. Домаќинот рутински ја задржа позитивата, која во еден момент беше изразена и со дури 29 поени (77-48) и дојде до веќе планираните бодови.

Адем Мекиќ со 11 поени беше единствениот со двоцифрен ефект кај МЗТ, каде што Ноа Фарахан и Емир Крајиниќ дополнија со по девет поени. „Металците“ остануваат на дното од табелата во ФИБА Европа купот со скор 0-5 и тоа пред уште две тешки гостувања во низа – кај Ираклис односно Тарту.