Младинците на Брера со дебакл во Германија го завршија настапот во ЛШ
По домашниот пораз од 0-3, струмичкиот тим доживеа уште потежок пораз на гостувањето во Германија, па двомечот го заврши со вкупни 0-12.
Крамер и Хасфелд постигнаа по два гола за германскиот тим, додека во листата на стрелците се запишаа и Крета, Дугду, Бругман, Мес и Појатос.
И покрај убедливата елиминација, Брера има причина да биде горда на својот настап. Струмичани испишаа историја со првата победа на македонски клуб во младинската Лига на шампионите, а успеаја и да минат едно коло во ова натпреварување.