Дербито меѓу Наполи и Лацио ќе ја одреди судбината на Алегри!

Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри се наоѓа под сериозен притисок во Наполи, а неговата иднина на клупата на калчолигашот е неизвесна по серијата лоши резултати.

По поразот од Порто (1-4) во Лигата на шампиони (ЛШ) се зголеми притисокот врз Алегри, кој се правдаше дека и претходно минувал низ идентичен период, но успеал да донесе успех.

„Имав слична сезона во Јувентус, веќе сум поминал низ ова. Единствено нешто што треба да направиме е да продолжиме да работиме, да поправиме одредени работи и да покажеме дополнителна концентрација во клучните моменти“, кажа Алегри.

Според италијанските медиуми, судбината на Алегри ќе ја одреди дербито меѓу Наполи и Лацио, кое е закажано за 8 ноември.

Фото: Facebook/AC Milan