Ѓоковиќ има година за заборав: Вакво нешто не му се случило две децении
По поразот од Ринки Хиџикато во Париз, најдобриот српски тенисер остана без пласман во четвртфинале на кој било Мастерс 1000 турнир, нешто што последен пат му се случило во далечната 2005 година.
Ова беше необична сезона за Ѓоковиќ, кој од вкупно девет турнири од оваа категорија настапи само на пет. Најдалеку стигна во Индијан Велс, каде што беше запрен во осминафиналето.
Во Мајами, Монте Карло, Мадрид и Канада воопшто не играше, додека во Рим, Синсинати и Шангај не успеа да го мине ниту првиот меч. Во сите три случаи, поради статусот на носител, беше слободен во првото коло.
Последната шанса за подобар резултат ја имаше во Париз. Ѓоковиќ успеа да го совлада Валентин Вашеро по пресврт, но потоа доживеа нов неуспех. Австралиецот Хиџикато славеше со 2-6, 6-3, 6-3 и го го елиминираше српскиот ас. Така, Ѓоковиќ ја заврши годината со само три победи и пет порази на Мастерс-турнирите.
ЃОКОВИЌ ВО 2026 ГОДИНА:
Индијан Велс – осминафинале
Мајами – не настапи
Монте Карло – не настапи
Мадрид – не настапи
Рим – второ коло
Канада – не настапи
Синсинати – второ коло
Шангај – второ коло
Париз – второ коло