Голеада во Фрајбург: Германија со седум погодоци ја понижи БиХ

Германската фудбалска репрезентација славеше со убедливи 7-0 против Босна и Херцеговина во петтото коло од Лигата на нации.

Мусиала по само две минути игра донесе предност за Германија, а во првиот дел во листата на стрелци се запишаа и Клаиндинст и Хаверц.

Вирц на стартот на вториот дел со два погодоци дополнително ја израдува својата селекција, а до крајот на мечот стрелаа и Сане и Клаиндинст за конечни 7-0.

Германија е прва во групата 3 со 13 освоени бодови, додека БиХ е последна со само еден поен.

Натпреварот меѓу Албанија и Чешка заврши без погодоци (0-0). Нашиот западен сосед се наоѓа на третата позиција во групата со седум поени, додека Чесите скокнаа до првата позиција со осум бодови.