Куманово по „цела вечност“ го нокаутира Феникс
По првата четвртина, која му припадна на Феникс со 24-20, во вторите 10 минути следеше долг прекин затоа што навивачите со пиротехника кренаа чад поради кој немаше услови да се игра кошарка.
Кошаркарите по долга пауза се вратија на теренот, а Куманово до полувреме направи целосен пресврт (38-35).
Жестока борба се водеше до самиот крај на натпреварот, а на крајот играчите на домашниот триумф успеаја да слават со 73-66 во мечот кој траеше речиси три часа.
Тадиќ беше најефикасен со 20 поени, четири скокови и шест асистенции кај Куманово, додека Адетукаси и Митревски постигнаа по 13 поени.