Алкалоид го „преплива“ Охрид, Тиквеш пресилен за Бисинов
Охрид одигра храбро во првите 15 минути од мечот, а последно водство имаше при 7-6, по што екипата од Автокоманда ја презема контролата и на паузата замина со 16-14.
Алкалоид налета на голем отпор од ривалот и на стартот на вториот дел, но потоа почнаа проблемите во нападот кај Охрид, а тоа го користеа избраниците на Кире Лазаров за да слават со 29-22. Мартин Серафимов беше најефикасен кај скопската екипа со 12 погодоци.
На останатите натпревари Тиквеш го прегази Бисинов со 33-22, додека Пролет беше подобар од Бутел со 24-19.