Украина ремизира против Грузија, Исланд освои три бода во Подгорица

Фудбалерите на Исланд останаа во трка за втората позиција во групата 4 од Б-лигата, откако вечерва славеше со 2-0 против Црна Гора, додека Украина ремизира на гостински терен кај Грузија (1-1).

Црна Гора можеше да дојде до водство во 23. минута кога Бакиќ ја погоди мрежата на ривалот, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Мрежите мируваа до самиот финиш од средбата, кгоа Оскарсон беше стрелец на првиот гол за Исланд, додека победата ја потврди Јоханесон.

Украина по само седум минути игра поведе со автоголот на Квирквелија, но потоа Микаутаѕе во 76. минута ги постави конечните 1-1.

Турција имаше шанса за победа против Велс (0-0), но Актуркоглу не реализира удар од белата точка во 89. минута од натпреварот, додека Молдавија славеше против Андора со 1-0.