Пол: Не го нокаутирав Тајсон зашто не сакав да го повредам!

Борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол не ги импресионира љубителите на боксот, па многумина сметаат дека „спектаклот“ бил само шоу за да си поделат милионски суми.

Пол беше подобар во рингот и на крајот ја доби победата со судиска одлука, а по мечот на прес-конференција откри дека можел да го нокаутира Тајсон, но не се решил на таков потег.

„Се обидував да му нанесам само мала штета, не го нокаутирав зашто не сакав да го повредам. Го намалив ритамот во последните рунди“, кажа Пол.