Шок на Копа Америка, судија колабираше на теренот од топлото време! (ВИДЕО)

На мечот од Копа Америка меѓу Канада и Перу се случи драматична сцена кога помошникот судија Хумберто Пањо од Гватемала колабираше на теренот поради топлото време.

Мечот се играше на температура од 38 степени и 60 проценти на влажност. Тие услови не можеше да ги издржи помошникот судија и се струполи на теренот пред крајот на првото полувреме.

Канадскиот голман Максим Крепо веднаш дотрча до судијата и му укажа прва помош. Брзо стигна и лекарската служба, судијата беше освестен, но веднаш пренесен во болница.

Тестовите покажале дека нема сериозни последици, колабирал од жешкото време и брзо ќе биде пуштен од болница.

Пањо беше заменет со четвртиот судија, Канада го доби мечот со 1-0.