Аталанта во 90. минута се спаси од пораз на гости кај Болоња

Болоња и Аталанта си поделија по еден бод по ремито (1-1) во шестото коло од италијанската Серија А.

Првото полувреме помина без погодоци, но на стартот на вториот дел Кастро стрелаше за предност од 1-0 на Болоња.

Голот на Кастро ги разбуди гостите од Беграмо кои тргнаа со сите сили по погодок и создадоа дури 17 шанси во вториот дел, меѓутоа реализираа само една во 90. минута преку Самарџиќ.

Аталанта и Болоња имаат по седум бодови и се наоѓаат на делба на осмата позиција со Лацио.