Фриц стави крај на серијата на Зверев и обезбеди финале во Торино

Тејлор Фриц кој е петти тенисер на светската АТП листа се пласираше во финалето на Завршниот мастерс во Торино откако во полуфиналето го победи Александар Зверев со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 7-6).

Американецот така покажа дека игра во најдобрата форма во кариерата бидејќи во септември стигна и до финалето на Ју-Ес Опен, а сега го совлада Зверев кој беше во серија од осум победи.

Откако го освои првиот сет, Германецот возврати и изедначи, а третиот сет се одлучуваше во тајбрејк каде што Фриц дојде до предност од два поени и не ја испушти до крајот.

Фриц со пласманот во финалето стана и првиот Американец кој ќе игра финале на Завршнниот Мастеерс уште од 2006 година и настапот на Џејмс Блејк во битката за трофејот.