„Ќе се пензионирам на 34 години и ќе почнам бизнис со недвижности“

Контроверзниот француски репрезентативец Осман Дембеле ги откри своите планови и најави дека планира да се пензионира на 34 години.

Иако голем број фудбалери се решаваат да играат и до нивната 40. година, сепак Дембеле има поинакви планови.

„Сакам да се пензионирам на 34 години. Потоа сакам да почнам бизнис со недвижности. Да инвестирам во Африка, Франција и на други локации“, кажа Дембеле.

Дембеле има 27 години, а досега во кариерата играше за Рен, Борусија Дортмунд, Барселона и ПСЖ.