„Победата против Пелистер може да биде пресвртница на сезоната за Вардар“

Ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер заврши со победа на скопскиот гигант од 27-24, а тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски кажа дека овој триумф би можел да биде пресвртница на сезоната за поранешниот македонски шампион.

Недановски посочи дека е задоволен од играта на неговиот тим во првото полувреме, но исто така имаше пофални зборови за играчите кои покажале карактер, иако Пелистер се доближи на еден гол негатива (19-2) во вториот дел.

„Првото полувреме беше одлично за нас, затоа што игравме добра одбрана и функционираше нападот. Во вториот дел имавме проблем, но ракометарите покажаа карактер и желба. Немаше поправен испит за нас по поразот од Алкалоид во Автокоамнда. Оваа победа може да биде пресвртница на сезоната за Вардар“, кажа Недановски.

Алкалоид и Охрид имаат по осум бодови по четири одиграни кола, додека по шест бода имаат Вардар и Пелистер.