
„Црвените“ итаат кон титулата: Ливерпул го прегази Сити и отиде на +11 (ВИДЕО)
Конечниот резултат и не го покажува реално односот на силите на теренот на Етихад бидејќи гостите доминираа во текот на сите 90 минути и пропуштија шанса да дојдат до уште поубедлива победа. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, а во нив учествуваа Мохамед Салах и Доминик Собослаи.
При првиот, во 14. минута асистираше Унгарецот, а Салах погоди, додека во 37. минута фудбалерите си ги сменија улогите за конечните 2-0. Во 56. минута Џонс и трет пат ја затресе мрежата на Сити, но тој гол беше поништен поради минимален офсајд.
Ливерпул има 64 бода, 11 повеќе од Арсенал со натпревар плус, додека Манчестер Сити е на четвртата позиција со 44 бода, колку што има и Њукасл, а еден повеќе д Борнмут и Челси.