Чурлинов и Елези во гол форма пред Лихтенштајн и Велс - стрелаат второ коло по ред! (ВИДЕО)

Македонските фудбалери Дарко Чурлинов во дресот на Јагелонија и Агон Елези кој го носи дресот на Горица играат во одлична форма што може да го радува селекторот Благоја Милевски пред стартот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година во кои Македонија ќе игра со Лихтенштајн и Велс.

Во Полска Чурчинов денеска беше стрелец на гостувањето кај Краковија во натпреварот кој заврши без победник 2-2. Чурлинов го постигна голот за водство на својот тим во 34. минута од средбата.

Агон Елези во Хрватска денеска беше херој на Горица во победата над Шибеник од 1-0. Македонскиот дефанзивец се запиша во листата на стрелци во 23. минута, а Горица успеа да издржи и да дојде до триумф, иако Ерцег беше исклучен пред крајот на првиот дел.

Елези во минатото коло беше стрелец на единствениот гол за Горица во поразот од Динамо Загреб со 3-1.