Баерн го прегази Ајнтрахт, титулата им се насмевнува на Баварците! (ВИДЕО)

Баерн Минхен со убедливи 4-0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт и запиша уште една сигурна победа во Бундеслигата.

Гостите се држеа до финишот на првото полувреме кога Олисе даде гол за предност на Баерн од 1-0.

По 15 минути игра во вториот дел Ито го зголеми водството на Баварците на 2-0.

Во 83. минута Мусиала погоди за 3-0, а конечните 4-0 ги постави Гнабри во судиското продолжение.

На 11 кола до крајот на Бундеслигата, Баерн Минхен има осум бодови предност пред Баер Леверкузен.