Каква глупост на Антони, доби црвен и нема да игра против Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Антони направи сосема непотребен црвен картон во 94. минута, што значи дека ќе го пропушти следниот натпревар, а тоа е дуелот против Реал Мадрид.

Бетис со 2-1 победи на гостувањето на Хетафе, Иско ги постигна и двата гола.

Антони имаше уште еден одличен меч, беше асистент за првиот гол на Иско.

И кога се чинеше дека се ќе заврши нормално, Бразилецот сосема непотребно направи груб старт во полето на Хетафе и доби директен црвен картон.

Тоа значи дека Антони нема да игра во следното коло кога во Севиља пристигнува најголемиот, Реал Мадрид.