
Влаховиќ му донесе три бода на Јуве од гостувањето на Сардинија! (ВИДЕО)
Јуве врза четврта победа во низа во Серија А, овојпат беше подобар од Каљари.
Единствениот погодок на натпреварот се случи уште во 12. минута кога Влаховиќ реализираше за водство од 1-0 што беше и конечен резултат.
До крајот на мечот Јувентус одлично се бранеше, не дозволуваше Каљари да креира вистински шанси за израмнување.