Познати се сите учесници на Евробаскетот!

Со завршувањето на денешните квалификациски натпревари се комплетираше списокот на учесниците на Европското првенство, па утрешните мечеви немаат никакво резултатско значење.

Денеска место на Евробаскетот заверија Германија, Црна Гора, Шведска и Исланд, тие им се приклучија на 20. репрезентации кои претходно го добија билетот за континенталниот собир.

Ова значи дека утрешните натпревари, вклучувајќи го и мечот меѓу Македонија и Полска, немаат никакво резултатско значење.

Европското првенство ќе се одржи од 27 август до 14 септември во Кипар, Финска, Летонија и Полска.