Ќамили повторно е стрелец за Сондерјиске (ВИДЕО)

По Елези и Чурлинов, уште еден македонски репрезентативец денеска постигна гол, Лирим Ќамили погоди за Сондерјиске.

Ќамили го постигна првиот гол на мечот, тој му донесе водство на својот тим, сепак на крајот Сондерјиске загуби од Нордсјиланд со 3-2.

Македонскиот фудбалер игра во голема форма за Сондерјиске, веќе има осум голови во првенството зад своето име.

Стартер за Сондерјиске на овој меч беше и Сефер Емини.