Беса се жали на судењето и се закнува со напуштање на лигата! (ВИДЕО)

Беса се жали дека не им се досудени два пенали против Гостивар, а ако судиските грешки продолжат и на следниот меч, тие ќе ја напуштат лигата.

Денеска Беса одигра без голови против Гостивар, но според нив резултатот ќе бил поинаков доколку судењето било регуларно.

Тие излегоа со соопштение во кое се жалат дека имало два недосудени пенали за нив.


Но и се заканија дека ако и на следниот меч има судење на нивна штета, ќе го напуштат првенството.

„Неправдата мора да престане. Беса отсекогаш била дел од фудбалот со посветеност, пожртвуваност и пасија, почитувајќи ги правилата и фер натпреварувањето. Но за жал во многу последователни мечеви продолжуваме да сме казнувани од судиите. На последниоте меч не ни досудија два чисти пенали кои можеа да го променат текот на мечот и финалниот резултат. Ова не е првпат нашиот тим да се соочи со нефер одлуки кои директно прават штета не само на залагањето на нашиот претседател и потта на нашите играчи туку и на интегритетот на првенството. Се надеваме дека работите ќе се променат, бидејќи нашето трпение е на работ. Доколки се соочиме со ист нефер третман од судиите на следниот меч, раководството е подготвено да се повлече од натпреварувањето“, стои во соопштението на Беса.

Во следното коло Беса игра против Вардар во Скопје.