Динамо испука „петарда“, Адеми погоди против Локомотива (ВИДЕО)
Динамо во првото полувреме погоди преку Мартин Батурина и Бруно Петковиќ, додека водството на стартот на вториот дел го зголеми македонскиот интернационалец Аријан Адеми.
Лука Врбанчиќ во продолжение погоди за 1-3, но тоа беше сè од гостите бидејќи Динамо повторно нападна и во завршницата преку Раул Торенте погоди уште двапати (5-1.
ARIJAN ADEMI FOR 3-0!
— Croatian Football (@CroatiaFooty) September 28, 2024
BRILLIANT MOVE FROM PETKOVIĆ TO LET RPG'S PASS THROUGH TO ADEMI! #HNL #DZGLOKpic.twitter.com/eVeXffGSbc
На теренот беше уште еден македонски интернационалец, Стефан Ристовски кој асистираше при првиот гол на победничката екипа.
Динамо по осум одиграни меча се наоѓа на третата позиција со 16 бодови, односно еден помалку од Риека и Хајдук.