Прв пораз за Барселона: Осасуна го најде „лекот“ за машинеријата на Флик!

Каталонскиот гигант Барселона се распадна на гостувањето кај Осасуна (2-4) во осмото коло од шпанската Ла Лига.

Тренерот Ханси Флик ги немаше на располагање најголемите ѕвезди на денешниот меч и мораше да излезе на теренот со подмладен состав, а тоа скапо го чинеше затоа што Осасуна дури четири пати ја затресе мрежата на Инаки Пена.

Осасуна уште во првиот дел преку Будимир и Сарагоса стрелаше за 2-0, додека Виктор на почетокот на второто полувреме на неочекуван начин го матира чуварот на мрежата на домаќинот.

Будимир од пенал зголеми на 3-1, а агонијата на Барселона ја продолжи Бретонес во 85. минута од мечот. Сепак, до крајот на средбата во листата на стрелци се запиша и Јамал кој намали на 2-4.

Барселона останува на првото место со 21 бод, односно четири повеќе од Реал Мадрид кој утре игра против Атлетико Мадрид.